Софистицирано и луксузно: Александра Пријовиќ и Филип ги отворија вратите на семејниот дом (ФОТО)
Домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ на Дедиње е вистинска оаза на луксуз и стил. Измерено и со вкус, брачната двојка Живојиновиќ го опреми домот во кој уживаат тој и неговиот син Александар секој ден.
Топлата и скриена вила на Дедиње, домот на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ, е добро сместена настрана и подалеку од љубопитните очи. И додека sидовите и металната порта на прв поглед изгледаат далечни и студени, внатре во sидовите има семејна идила и топла атмосфера исполнета со љубов.
Без многу детали и со вкус, Александра и Филип го украсиле домот по најнова мода. Во целиот простор доминираат големи прозорци, па домот е исполнет со светлина. Светлиот мебел и sидовите беа избрани во согласност со минималистичката декорација на станот, а деталите, кои не се премногу, се избрани со стил.
Во куќата има и неколку гломазни огледала, а на Александра посебно и се допаѓа оној во спалната соба, пред кој често ги фотографира своите аутфити.
Куќата има и тераса, како и простран двор каде Александар си игра со своето куче.
Фото: инстаграм