Совршено летно здолниште постои, а го пронајде Нина Бадриќ: Романтично е, ве прави повитки и се комбинира буквално со сѐ (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Ако ви недостасуваат идеи за удобен и тренди стил за врелите летни денови, модната комбинација која хрватската пејачка Нина Бадриќ ја носеше за време на посетата на една винарница е сета инспирација која ви треба.

Хрватската пејачка Нина Бадриќ спаѓа во најдобро облечените жени на нашите простори, а покрај елегантните изданија за свечени прилики, уме да остави впечаток и во попријатни, лежерни комбинации.

Таа обожава едноставни, класични парчиња кои се издвојуваат по кројот, а токму таква е сукњата која ја носеше пред неколку дена кога ја посети една винарница.

Инстаграм

Поп ѕвездата одбра за одмор по топлиот ден црно-бела комбинација, а со едноставна црна маица со бретелки носеше миди здолниште кое заслужува место во гардеробата на секоја жена.

Нејзиниот избор беше „миди“ здолниште во бела боја, парче А-крој кое во комбинација со тесниот горен дел на облеката ја истенчува фигурaта и многу е ефектно благодарение на посебниот детаљ: појасот кој потсетува на јакичка.

Пејачката го комплетираше својот стил со црни „римљанки", сандали со крстосани траки за врзување, како и ретро наочари за сонце со бели рамки.

Извор: glossy