СПОМЕН КУЌА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ: Пандемијата не спречи илјадници луѓе да го посетат музејот

Добивај вести на Viber

Иако оваа година се соочуваме со пандемијата на коронавирусот, која донесе рестрикции во движењето, сепак илјадници обожаватели на ликот и делото на мега ѕвездата Тоше Проески ја посетија Спомен куќата во Крушево.

И покрај ограничувањата за патување, во овој музеј за три месеци имало над 6.000 посетители, а досега установата откако е отворена примила над 600.000 туристи, домашни и странски. 

„Со донесувањето на Протоколот за работа на музеи на 03 јули 2020 година од страна на Владата, Спомен - куќа на Тодор Проески беше отворена за посетители од 07 јули 2020 година. Во услови на пандемија на наше големо изненадување, музејот е доста посетен. Во период од три месеци Спомен куќата ја посетија околу 6.500 посетители. Со оглед на фактот што границите се затворени, посетителите се од нашата држава, но во изминатиот период од постоењето најмногу посетители има од балканските земји. Над 650.000 посетители ја посетиле Спомен - куќата на Тоше, од кои  30 проценти се странски посетители“, објаснуваат од Спомен куќата на Тоше Проески.

Целиот текст прочитајте го на Фактор.мк