Србинката одржа модна лекција од Кан: Тамара Калиниќ ја оправда титулата модна икона

Добивај вести на Viber

Тамара Калиниќ присуствуваше на премиерата на филмот „A Simple Accident“ на 78. Кански филмски фестивал. Познатата српска модна инфлуенсерка маѓепса во фустан со светки кој беше достоен за ѕвезда од стариот Холивуд.



За првите две вечери на Канскиот филмски фестивал, Тамара Калиниќ избра бели креации од брендови специјализирани за изработка на венчаници, а на третата и оддаде почит на старата школа на гламурот.


Имено, таа носеше фустан со светки со потпис на либанскиот моден дизајнер Ели Сааб, а се работи за фустан од најновата колекција за есен/зима 2025/2026 година, која беше прикажана на Модната недела во Париз.


Оваа гламурозна тоалета ја комплетираше со накит од луксузниот бренд „Boucheron“, како и рачен часовник кој се покажа како достојна замена за нараквица.


На својот Инстаграм профил таа сподели серија фотографии од Кан, меѓу кои покажа и ситуации „зад сцената“, каде го гледаме и нејзиниот вереник Филип Тест како пегла еден од белите фустани кои ги носеше на првото појавување во Кан оваа година.



Интересно е и тоа што сподели и фотографија од пред девет години кога за прв пат прошета на црвениот тепих во Кан.


Со ова Тамара Калиниќ уште еднаш покажа дека со право ја носи титулата модна икона, не само поради беспрекорниот стајлинг, туку и поради начинот на кој ја живее модата, со внимание на деталите, емоциите и личната приказна. Од нејзиното прво појавување на црвениот тепих до гламурот што го носи денес во Кан, нејзиното модно патување е доказ за стил кој созрева, но никогаш не ја губи својата автентичност.


ФОТО: Инстаграм официјален профил Тамара Калиниќ