Среќата е процес: Опра Винфри советува никогаш да не се грижите за овие 5 работи

Наместо да се грижите што ќе кажат другите луѓе, бидете среќни што зборуваат за вас. Затоа што тоа значи дека сте на вистинскиот пат. Вашиот пат.
Успехот претежно „цвета“ кога станува збор за промени и нови работи: нови можности, нови идеи, нови познанства, нови перспективи, нови потфати.
Ако имате цел и сакате да ја постигнете, тоа значи дека ќе мора да жртвувате многу и да „одите во непознатото“.
Понекогаш, успехот не доаѓа од нешто ново, туку од елиминирање на нешто старо. Опра Винфри го вели следново:
„Една од најтешките работи во животот е да научиме кои мостови да ги преминуваме, а кои да ги рушиме. Ако не сте успешни како што би сакале, ако не сте задоволни колку што би сакале, наместо „да барате нови мостови“, разгледајте ја опцијата за „рушење на старите“.
Се грижите за тоа што мислат другите луѓе за вас
Кога и да пробате нешто ново, кога и да пробате нешто што луѓето се плашат да го пробаат, тие ќе зборуваат за вас.
И тоа не е убаво. Единствениот начин да ги спречите луѓето да ве осудуваат или критикуваат е да го сторите она што го прават сите луѓе. Но, тоа значи дека ќе бидете успешни само како нив. Наместо да се грижите што ќе кажат другите луѓе, бидете среќни што зборуваат за вас. Затоа што тоа значи дека сте на вистинскиот пат. Вашиот пат.
Се грижите за она што го имате, наместо за она што го правите
Психолозите го нарекуваат ова „хедонистичка адаптација“. Дали го знаете „WOW!“ чувството кога купувате нешто ново? Тоа исчезнува многу брзо. Исто е и кога ќе купите нова куќа, нов автомобил, ново парче мебел или нова гардероба. Што значи, дека треба да купите повеќе за да се вратите на тој „WOW!“ ефект. Што понатаму имплицира дека никогаш нема да бидете задоволни со она што го имате.
Чувството на задоволство што трае долго време доаѓа од „споделување“, а не од „сопственост“. Да се чувствувате добро во вашата кожа, и на краток и на долг рок, помогнете некому. Не мора да биде некој сиромашен. Можете да им помогнете на вашите вработени да развиваат вештини за да успеат понатаму во кариерата. Може да му помогнете на пријател кој се бори да ја постигне зацртаната цел. Знаејќи дека сте биле дел од промената во нечиј живот, тој „WOW!“ ефектот трае многу долго.
Вие се грижите затоа што сакате да ја пронајдете таа ГОЛЕМА идеја што го менува животот и светот
Повеќето од нас никогаш нема да ја пронајдат таа единствена идеја што има моќ да го промени текот на нашите животи, а можеби и светот. Дури и ако мислиме на ваква ексклузивна работа, дали имаме начини и средства да ја спроведеме и примениме? Дали имаме соодветни вештини, знаење, пари? Може и немаме.
Но, еве што сигурно има секој од нас: илјадници и илјадници мали идеи. Што значи дека не треба да ја бараме таа голема идеја, ако реализираме мали идеи една по една.
Успехот е процес. Среќата е процес.
Бидејќи основата на секој процес е споделување, а не размислување, престанете да барате голема идеја и работете на реализација на мали идеи.
Вие се грижите дали ќе направите сè совршено
Природно е да се плашите да го „завршите“ проектот. Кога ќе завршите, идеја или план, производ или услуга треба да продолжат да лебдат или да тонат. И последно што сакаме е да тоне нашата работа.
Но, идеите, плановите, производите, услугите никогаш нема да „пливаат“ ако не ги завршиме и ги „лансираме“. Дајте се од себе. Ако бродот не е добар, можете да го поправите. Ако сè уште не плови, можете да пробате нешто друго и да научите нешто од вашите грешки и искуства.
Се грижите дали сте задоволни
Обидете се со ова: затворете ги очите и замислете некој да ви одземе сè што имате во моментот - семејство, работа, компанија, куќа, сè!
Што ќе се случи следно?
Сфаќате дека веќе имате толку многу што е многу поважно од она што го немате во моментот. Сфаќате колку сте безгрижни, успешни и среќни во моментот. Сега отворете ги очите, буквално, и уште поважно, фигуративно. Можеби сте посреќни, но ако размислите за тоа, животот е веќе доволно добар.
Секоја вечер пред спиење, помислете на сè што имате. Направете го тоа и не грижете се дали сте задоволни или не. Затоа што знаете дека сте.
извор:stil.kurur.rsфото:Profimedia