Среќно првачиња: Овие наши јавни личности имаат првооделенци
1 септември буди мешани емоции кај луѓето. Додека кај децата оваа дата значи почеток на уште една училишна година, другарување, нови знаења, предизвици, растење, кај родителите, бабите и дедовците, и најблиските првиот училишен ден и стартот на новата училишна година буди пред се‘ радост за почетокот на новиот дел од животот на најмилите, но и страв од непознатото, од новите обврски со кои ќе се соочи нашето дете, од одговорностите, но и од тоа дека полека но сигурно детето расте.
Денешниот ден во целата земја се одбележа со пристигнување и поздравување на првооделенците, но и со почетокот на новата училишна година за сите други ученици, особено по година и половина он-лајн настава.
Со ковид протоколи родителите ги испратија дечињата во училишните клупи. Летувањето заврши, време е за нови предизвици, другарувања и одговорности.
Од познатите личности во Македонија неколкумина се пофалија дека нивните најмили годинава се првооделенци.
Пејачката Андријана Јаневска преку социјалната мрежа Фејсбук се пофали дека нејзиниот син Кристијан е прваче. „Прваче-колаче, среќно!“, напиша таа.
И Панчо од дуото „ДНК“ преку социјалните мрежи сподели со јавноста дека неговиот син Марјан е прваче. „Прваче. Нова страна од животот. Среќно синко“, напиша тој.
И, пејачката Сузана Гавазова се пофали дека има прваче. Поголемата ќерка Емели денес за прв пат тргна на училиште.
Среќно на сите првачиња!
Фото: Фејсбук/Сузана Гавазова/Панчо ДНК/Андријана Јаневска