Станка Димова во солзи: Колку треба да молам за да ми се спаси животот

Добивај вести на Viber

Станка Димова од Скопје е неутешна. Таа моли за помош за спас на, како вели, нејзиниот живот.
Преку социјалните мрежи ги прашува политичарите дали треба да ѝ откаже уште некој орган па да ѝ се помогне.

Тврди дека се обидела да стапи во контакт со повеќе институции, но сите ја игнорираат и секаде наишла на затворена врата.

Станка е мајка на 7 годишно дете. 

Нејзиниот проблем е што се храни преку јејуно стома скоро две години. Пишува дека побарала од надлежните - лекови, храна за во стомата и протеинско млеко, но дека никој не ѝ помага.


„Еден ден се беше затнала кадата, и отидов до маркет купив солна киселина и отидов да става за да ја одзатнам, отидов и ставив. Почувстував голема болка во главата и тоа е последно што се сеќавам, а потоа се разбудив во болничкиот кревет со изгореници. 70 проценти од телото ми беше изгорено, Бог сакал да преживеам, никогаш не би ни помислила да посегнам по својот живот, вели во солзи Станка. Сум имала проблеми и претходно, но сега, навистина тешко, да те гледа детето како се храниш преку цевка е неописливо и многу жално.

Долго време бев во болница некаде околу 2 месеци, во сите можни установи, а откако ми ја ставија цевката, килажата нагло ми падна.

Многу е тажно кога си го храниш детето и да не можеш да го пробаш тоа што му го даваш, бидејќи изгорениците се до грлото. Си го хранам детето и си плакам, поголем грев од тоа нема, му ставам на маса и се тргам да не гледам, за да не плачам пред него, вели оваа храбра мајка.

И храната што ја внесувам не смее да биде зачинета или со некоја силна арома, односно мора да биде лесна храна, бидејќи сондата е поврзана со тенкото црево и оди директно. Не можам да стојам многу долго, морам да лежам, цело време во овој кревет сум, се случувало и по еден месец да не сум се бањала.

Многу ми е тешко да отидам до бањата и мора да одлепувам многу и да внимавам многу, а пак хранењето е исто така исцрпувачко, морам по малку. Има можност со која животот би ми се променил а тоа е оперција во Белград која е специјализирана за вакви случаеви. Но нашите овде немаат слух за мене, ме игнорираат, хуманитарната организација ,,Љубезност,, прати допис до болницата а тие кажаа дека од 17 до 19 илјади евра е само зафатот. А се останато е плус, и престојот и се останато, тие луѓе од организацијата од петни жили пробуваат буквално се да направат. Но каде и да отидат тие налетуваат на затворени врати, имам извршители на сметка, и донациските трансакциски не можам да ги отворам. Државата односно фондот обезбедуваат средства имаше случај и пред мене сличен таков, но за мене нема, а од кој причини не знам . Голема желба ми е да ми дозволат да отворам трансакциска донаторска сметка, каде не ми помагааат, каде не ми даваат ниту да отворам сметка, со која можеби некој друг би ми помогнал.“ раскажа Станка неодамна за медиумите.