Страв ми е Маркијан да го пуштам во школо: Пејачката Ребека лута на надлежните зашто децата со попреченост немаат лични асистенти

Добивај вести на Viber

Пејачката Ребека Јанковска- Ристески на Фејсбук луто реагираше поради тоа што за децата со попреченост, во кои спаѓа и нејзиниот насјтар син не се обезбедени лични асистенти на самиот старт на новата учебна година.

- Учениците со попреченост утре нема да тргнат во училиште со образoвни и лични асистенти. За некои деца не е возможно да следат настава без асистент! Дали сте свесни!!!!? Сè уште не знаеме кои асистенти и кога ќе бидат вклучени.

Дали асистентите се вакцинирани? Се работи за ранлива категорија на деца!


Има ли некој што ќе се сети навреме на овие деца???!!“, напиша Ребека на Фејсбук.

-За децата со попреченост сè уште нема асистенти, ниту се знае кое дете како ќе оди на училиште“, изјави Ребека за Женски магазин. „Нема протоколи за овие дечиња, едноставно не знаеме дали Маркијан ќе има негов асистент образовен, или пак ќе имаат две деца еден асистент, значи воопшто ништо не се знае. Немам никаква информација повратна, бев на училиште, прашував, и сите останати родители, не само јас ги имаат тие информации, односно немаат никаква информација. Исто така има деца коишто имаат телесен инвалидитет, на коишто не им треба образовен, им треба личен асистент, тоа е нешто друго. И тие немаат асистенти. Немаме информација што е со оние асистенти кои не сакаат да се вакцинираат. Затоа што се работи за ранлива категорија на деца. Дали тие ќе треба да се тестираат?“, загрижено ни раскажа Ребека чиј син има неполни 15 години и боледува од ретка болест, туберна склероза.

Ребека смета дека асистентите кои не се вакцинирани треба еднаш до два пати во неделата да носат тестови со негативен резултат, како во некои западни земји, и се прашува дали тоа и кај нас ќе се одвива на овој начин.


-Се работи за дечиња со попреченост коишто се екстремно ранлива категорија, имаме и деца со ретка болест, коишто се со имуносупресиви, како на пример Маркијан. Тој е на имуносупресивна терапија. Не знаеме што ако Маркијан  решам да не го пуштам во школо, зашто искрено и ми е страв да го пуштам. Дали ќе добие асистент?  Јас имам и други две дечиња. Ако се бориме како минатата година и полугодието предминатата година, тоа беше една невозможна мисија. Три деца дома, онлајн, Маркијан вика, пречи на час, трпи работата на Мики. Јас не работам меѓутоа има родители кои мора да работат“, вели Ребека и додава дека таа е во тешка ситиација за менаџирање и спрвување и е лута то никој од надлежните ништо не ѝ кажува и не реагира.

-Има родители коишто имаат две деца со попреченост, замислете како им е на тие? Замислете како им е на оние дечиња кои се со попреченост и треба првачиња да бидат? Па тие не се ли деца? И тие на приредна треба да одат. Срамота! Катастрофа е сè. Треба да се зборува за ова, затоа што по кој знае кој пат се случува. Рекоа ќе има асистенти, и пак не се подготвени“, ни раскажа Ребека. Нејзините помали синови, близнаците Макариј и Доротеј се трето одделение.

Милица Џаровска