Студија: Жените со повеќе тетоважи имаат поголема самодоверба

Една студија откри дека постои силна корелација помеѓу жените со повеќе тетоважи и повисокото чувство на самодоверба. Познато е дека тетоважите го зајакнуваат имунитетот, но ова откритие е нешто сосема ново.
Социологотот Џером Кох од универзитетот „Тексас Тек“ водел една студија која покажа дека жените со повеќе тетоважи имаат повисока самодоверба отколку оние со помали или никакви тетоважи.
За студијата, биле анкетирани 2.395 студентки од шест универзитети. Учесниците биле запрашани за количината на тетоважи што ја имаат, како и за нивните нивоа на депресија и самодоверба. Дополнително, тие биле запрашани дали некогаш размислувале или се обиделе да извршат самоубиство.
Резултатите покажаа дека самопочитта се зголемува, со зголемување на бројот на тетоважи. Спротивно на тоа, жените со тетоважи, исто така, изјавиле дека имале повеќе проблематично минато и повисоки нивоа на депресија.
Студијата покажала дека тетоважите понекогаш служат како механизам за справување со најтешките периоди од минатото на животот на жените.
На пример, многу луѓе, имаат тетоважи кои служат како меморија за некое раскинување, трауматичен животен настан, како што е смрт или медицинска болест.
Па, студијата покажа дека жените со четири или повеќе тетоважи се со поголема веројатност да имаат историја со обид за самоубиство.
„Мислиме дека жените во нашето истражување може да се обидуваат да ја вратат емоционална загуба со повеќе тетоважи." - велат научниците од студијата.
Сепак, тоа е исто така е важно да се напомене дека многу жени кои се тетовирани немаат историја на депресија или самоубиство.