Свештеник ја претепал сопругата: Семејно насилство во Белград

Добивај вести на Viber

Н. П. (47), свештеник на црквата Свети Георѓи, бил уапсен за семејно насилство, односно за тепање на сопругата. Во неговиот автомобил е пронајден и пиштол, а од него биле одземени неколку ножеви.

Н. П. (47), свештеник на црквата Свети Гeорѓи, беше уапсен во Белград. Тој, како што пренесуваат српските медиуми, повеќепати, со отворена и затворена тупаница, ја ударал сопругата М. П. (46) во главата и телото.. Таа, патем, нема видливи повреди, но неофицијално, таа била многу вознемирена и исплашена.

Попадиката го пријавила сопругот во полиција за семејно насилство, а освен тоа, пријавила дека нејзиниот сопруг имал пиштол „ЦЗ М-70“  и муниција, што надлежните го пронашле во неговиот автомобил, зад седиштето на возачот.

Свештеникот рече дека тој го зел пиштолот од верник кој доаѓа во црквата и дека имал намера да го предаде оружјето во полиција. Исто така, полицијата пронашла неколку ножеви во близина на свештеникот, кои му биле одземени.

Н.П. веднаш бил уапсен и однесен на сослушување во надлежната полициска станица. Како што било потврдено за „Новости“ во Второто основно обвинителство во Белград, тој бил дополнително гонет, односно против него се поднесени кривични пријави за семејно насилство во редовна постапка и за него се изречени итни мерки. Имено, надлежното обвинителство побарало дополнителни мерки за него - иселување од станот и забрана за приближување и комуникација со сопругата, додека за кривичното дело насилство и држење пиштол, пријавите, односно истрагите, ќе одат во редовна постапка.


извор:cafe.ba

Семејното насилство во Македонија во пораст: Жртвите во карантин со насилниците
Драма во куќата на фудбалерот: Ја тепал девојка му, таа објави фотографии од модриците