Светот остана без великанот: Почина легендарниот Џорџо Армани - Неговото име ќе биде заесекогаш испишано со големи букви во модната историја

Почина легендарниот Џорџо Армани. Модниот маг почина денес во својот дом, соопшти неговата компанија. Еден од најзначајните дизајнери во историјата имаше 91 година. Тој го смени текот на светската мода и со својата креативност и посветена работа остави неизбришлива трага.
„Со бескрајна тага, групацијата Армани објавува дека почина нејзиниот творец, основач и неуморна движечка сила на „Џорџо Армани““, се наведува во соопштението од неговата модна куќа.
Легендарниот Џорџо Армани не се појави на своите модни ревии во јули, додека се опоравуваше од непозната болест, пишува Sky News.
Џорџо Армани, често опишуван како предводник на модата на црвениот тепих и симбол на врвната елеганција, планирал голем настан за време на Модната недела во Милано овој месец, за да одбележи 50 години од основањето на својот бренд.
Својот истоимен бренд го основал во 1975 година, проширувајќи го во меѓународна луксузна империја што опфаќала облека, модни додатоци, козметика, хотели и ресторани.
Армани стана светски познат по револуцијата во женската професионална облека во 1980-тите, воведувајќи елегантни и носливи костуми за во канцеларија.
Беше одговорен за стилот на бројни холивудски ѕвезди и важеше за втор најбогат човек во Италија.
И покрај огромниот успех, Армани остана длабоко вклучен во секојдневното работење на својот бренд, изразувајќи страв од губење на контролата врз својата истоимена модна куќа. Работеше посветено и во подоцнежните години од својот живот.
Една од неговите музички инспирации беше легендарната актерка Софија Лорен, која го прослави својот 90. роденден во септември минатата година облечена во негова креација. Култниот дизајнер беше меѓу поканетите на таа гала прослава.
Фото: EPA IMAGE
Извор: Zena.blic.rs