Светот зборува за овој стајлинг: Меланија Трамп во чевли кои на секоја дама ќе ѝ „запнат за око“ - ФОТО

Добивај вести на Viber

Сопругата на претседателот на САД, Меланија Трамп, повторно на сите им одржа модна лекција бидејќи избра неверојатна облека за традиционалниот ручек на сопругите на сенаторите. 


Имено, оваа Словенка пред неколку дена присуствуваше на традиционалниот ручек за сопругите на американските сенатори во Националната галерија во Вашингтон. Овој настан се организира секоја година за да се истакне улогата на сопругите, а водителка е првата дама на Америка која со гостите разговара за важни национални теми, но и за оние важни за доброто на жените членки на Сенатот.

View this post on Instagram

A post shared by Regalfille (@regalfille1)


За таа прилика, Меланија Трамп облече сако во боја на слонова коска и високо струкирано „молив“ здолниште шлиц на грбот од Долче и Габана. Што се однесува до кошулата, таа беше чоколадно кафеава и од иста марка, со манжетни кои ѕиркаа од ракавите. Каишот беше на Ралф Лорен, а штиклите на Маноло Бланик.


Од друга страна, тука беше и Уша Венс, која го покажа својот најхрабар изглед до сега кога се во прашање средбите со Меланија. Иронично, се чинеше како никогаш да не биле подалеку отколку за време на можеби оваа фотосесија, објавена на страницата на Инстаграм на Белата куќа. Нема ракувања, прегратки или знак на топлина помеѓу Првата дама (FLOTUS) и сопругата на сенаторот (SLOTUS) додека стојат рамо до рамо. Иако рамо до рамо, се чини дека даваат се од себе за да избегнат физички контакт, оставајќи мало, но очигледно намерно растојание меѓу нив.


Она што ја прави оваа фотографија уште понезгодна се нивните вкочанети пози и изнудените насмевки, кои јасно покажуваат колку неприродно се чувствуваат една покрај друга.