Таа беше најубавиот супермодел во 80-тите: Сега на 52 години изгледа уште подобро
Даниела Пештова ја
замрзна својата убавина и многумина ѝ
завидуваат поради тоа
Даниела Пештова е родена во Чешка во 1970 година, за неколку месеци ќе наполни 52 години.
Откриена е веднаш по завршувањето на средното училиште, а иако планирала да се запише на факултет, откако победила на натпревар за најдобар модел, се преселила во Париз и потпишала договор со „Madison Modeling Agency“. Кога се преселила во Њујорк по Париз, нејзината кариера тргнала нагоре и процветала.
Таа се појави на насловните страници на водечките списанија, како што се GQ, Marrie Claire, Elle, Cosmopolitan. Таа редовно соработуваше со магазинот „Sports Illustrated , како и со брендот „ Victoria's Secret“.
За разлика од повеќето модели од тој период, таа рано се омажи. Имала 25 години кога се омажила за Томас Бути, тогашниот извршен директор на Fashion Cafe, со кој во 1996 година доби син.
Бракот не траеше, тие се разделија веќе во 1998 година.
Годинава на Денот на менталното здравје таа на Инстаграм напиша: „И јас одев на терапија, и ми помогна. Во тоа време бев млада, разведена, самохрана мајка, која живееше сама, далеку од семејството. Бев депресивна и се чувствувавизгубено. Стрес, анксиозност, живот... Понекогаш не можеме сами, понекогаш сето тоа е премногу. Нема срам да побараме помош, не мора да поминуваме низ се‘ сами“.
Среќата ја најде покрај словачкиот музичар Певел Хабер, фронтменот на групата „TEAM“. Тие се заедно дваесет години и имаат две деца, ќерката Ела, родена 2002 година и синот Пол, роден во 2009 година. Интересно е и тоа што Даниела течно зборува руски, англиски, француски и италијански јазик.
Сè уште е активна и се појавува во бројни модни кампањи, а чест гостин е и на филмски фестивали и други настани во Чешка.
Минатата година заедно со Хелена Кристенсен учествуваше во кампањата за „Victoria's Secret“.
А едно од нејзините омилени снимања и денес е снимањето на реклама за „Victoria's Secret“. „Една од моите омилени реклами што сум ја , е секако една од најтешките. Делот со танцувањето беше страшен, но тие не однесоа на краток курс пред снимањето и мислам дека направивме сè совршено“, напиша таа.
Фото: Инстаграм