Таа е модел и има преку 100 килограми, во Македонија не доаѓа бидејќи не сака да си ја расипе диетата!

Добивај вести на Viber

Селма Крифица, на социјалните мрежи попозната како „Биг мама“, е едно од најпрепознатливите лица на босанската инфлуенсерска сцена. Со својата духовитост, самоиронија и оригинални досетки, таа успеа да го освои вниманието на илјадници следбеници ширум регионот.

 За разлика од многу инфлуенсери кои се стремат кон совршени стандарди, Селма отворено зборува за својата борба со килограмите и од тоа направи заштитен знак.

Иако целиот живот „кубури“ со вишок килограми, таа никогаш не дозволи тоа да ја обесхрабри. Напротив, од својата приказна создаде позитивна порака – дека убавината и самодовербата немаат број на вагата. 

View this post on Instagram

A post shared by Magazin GRACIJA (@magazin.gracija)


Благодарение на својот шарм и харизма, неколку модни агенции ја ангажираа како ХХЛ модел. Нејзиниот специфичен моден израз ја издвојува од толпата, а во исто време е инспирација за сите кои се борат да најдат свое место во индустријата што сè уште преферира „стандардни“ мерки.

Сепак, Биг Мама често зборува за предизвиците со кои се соочуваат луѓето со вишок килограми, особено кога станува збор за облека. Таа искрено признава дека и покрај тоа што модата напредува, сè уште е тешко да се најде современа и стилска гардероба во поголеми величини. Со тоа таа го отвора прашањето за потребата модната индустрија да стане инклузивна и достапна за сите.

Освен за мода и килограми, Селма е позната и по својата љубов кон Македонија. Во своите видеа често споделува симпатични анегдоти за роднините од земјава и шеговито истакнува дека се плаши да дојде тука бидејќи „ќе си ја упропасти диетата“ поради вкусната македонска храна. Овие нејзини забелешки предизвикуваат симпатии кај македонската публика, која ја гледа како блиска и топла личност.

Со комбинација од хумор, искреност и уникатен стил, „Биг мама“ ја руши стигмата околу телесната тежина и ги мотивира своите следбеници да се прифатат онакви какви што се. Таа е пример дека влијанието на социјалните мрежи може да биде и позитивно – кога се користи за ширење на охрабрување, љубов кон себе и насмевка.

М.С.К / Инстаграм / Мета