Таговен момент беше кога го затворија аеродромот: Мијата и контролорите на летање како тимови за превенција

Добивај вести на Viber

Иако скопскиот аеродром е официјално затворен, пејачката и контролор на летање Наташа Крстевска, позната како Мијата и нејзините колеги и понатаму одат на работа.

 „Покривањето од страна на контрола на летање е 24 часа затоа што има прелети, карго авиони, хеликоптери од војска и полиција, спортска авијација... Смените ни се редуцирани и поделенои сме во тимови за превенција“, раскажа Мијата за Женски магазин и се наврати на почетокот на прогласувањето на пандемијата и на моментот како се чувствувале кога аеродромот се затворил. 

„Се плашевме само да не ни го затворат аеродромот што на крајот тоа и се случи, но кога сите мерки се во полза на здравјето на народот полесно се прифаќаат. Кога последниот „Визер“ слетуваше пред затварање на аеродромот беше многу таговен момент за нас, особено неизвесноста што не знаеме до кога ќе трае“, ни раскажа Мијата.

Вели дека карантинот и мерките ги почитува, но многу е поедноставно за кога има човек дворче. „Дадени сме фамилијарно на уредување на дворот а јас не ни знаев дека градинарството така ќе ме отвори. Дента ако не сум на работа пијам кафе и трчам во двор да видиме со свекрва ми што ќе посадиме, кое цвеќе каде ќе го аранжираме, да скроиме нешто, да откорнеме... Ќефови. На почетокот голем товар ми беа училишните активности на син ми кој е четврто одделение, но и тоа сега стана поедноставно зашто сите се уходавме“, вели кантавторката за деновите што ги поминува дома. Во октормви минатата година, таа ја преработи „Бај бај“, еден од поголемите хитови на Драган Каранфиловски-Бојс. Заедно со Дамир и Наташа Пух, Наташа е коавтор на новиот аранжман.

„Бај Бај на Бојс е песна посветена на моите лета во детството поминати во Долно Дупени. Ме враќа во една состојба на безгрижност и неизмерна среќа со децата што летувавме во тоа село на Преспанското Езеро“, раскажа Мијата за инспирацијата да го преработи токму овој хит. Неодамна, таа промовираше ново видео кое за неа има симболична и силна порака.

„Во меѓувреме, за време на корната пуштив ново видео за песната „Regret“од албумот „Небеска“ која точно ја отсликува мојата верба дека ќе излеземе победници од ова“, вели Наташа за новото видео.

М.Џаровска