Татко со Kовид-19 се разбуди од кома: Не се сеќаваше на своите 5-месечни деца

Минатиот месец, веднаш откако Крис Тилет се врати од деловната конференција во Сан Франциско, тој почна да се бори со болест што сметаше дека е грип, симптомите на Крис не се подобрија, беше пренесен во ЕР, каде што бил ставен во медицински предизвикана кома за следните 10 дена. Тогаш, на Крис му беше дијагностициран КОВИД-19 - првиот жител на Конектикат позитивен на коронавирусот.
На крај, Крис е еден од среќните - тој сега целосно се опорави од вирусот и е со семејството дома.
Но, пред еден месец, тој се бореше за својот живот.
Крис изјави за магазинот „People“ дека како што се влошувале неговите симптоми, тој силно верувал дека има КОВИД-19, но неговите стравови повеќе пати биле отфрлани, се' додека лекар на ЕР во болницата Данбери конечно не го сфатил сериозно.
Крис и официјално беше дијагностициран позитивен на 6 март, а неговата сопруга Елизабета отиде дома во карантин со своите близнаци.
Исто како илјадници други сопружници низ целиот свет сега, Елизабета мораше да се прилагоди да се грижи за својот сопруг виртуелно.
Сето тоа трпение конечно се исплати кога на 17 март, Крис се разбуди од кома и неговото здравје почна да се подобрува. Сепак, нивното среќно обединување не беше баш како што го замислуваше Елизабета.
Откако се разбуди од кома, сеќавањето на Крис беше привремено нарушено, и тој рече дека не се сеќава на сопругата и неговите близнаци.
„Беше скоро како да се ресетирав“, рече Крис за „People“. „Беше како да сум повторно 18-годишно дете во умот“.
Три до четири дена подоцна, тој конечно повторно се почувствувал како самиот себеси.
Елизабета раскажа за „CafeMom“ дека нејзиниот сопруг се подобрува секој ден, благодарение на физичката терапија и когнитивната терапија.
И оваа мајка позитивна на коронавирус била ставена во медицински предизвикана кома, па кога се разбуди дозна дека предвремено родила девојче