Татко ѝ ја полил неа и мајка ѝ со киселина кога имала само 2 месеци, бесен што не добил син: Порасна во сиропиталиште со обезличено лице, а сега е славна актерка

Потребни беа години неуспеси, борба со самодовербата и промена на начинот на размислување за Анмол Родригез да се издигне над трагедијата што засекогаш го смени нејзиниот живот.
Кога имала само два месеца, нејзиниот татко – бесен што добил ќерка – ја нападнал со киселина, при што мајка ѝ починала, а тој завршил во затвор.
Иако растела во сиропиталиште, Анмол се сеќава на среќно детство. Проблемите започнале кога се соочила со реалниот свет – погледи, шепотења и дискриминација. На универзитетот во Мумбај доживеала депресија и го напуштила школувањето, но со помош на тутор успеала да дипломира и да најде работа.
Само два месеца подоцна била отпуштена со објаснување дека „нејзиното лице ги вознемирува колегите“.
Овој момент ја променил засекогаш. Анмол решила да ја прифати својата различност и преку социјалните мрежи почнала да објавува фотографии без филтри. Наместо осуда, добила поддршка и внимание од светски брендови.
Денес има над 120.000 следбеници на Инстаграм, работи како модел и инфлуенсерка, а зад себе има и наградена актерска улога.
„Сакам да ја нарушам идејата дека човек мора да изгледа совршено. Моќта е во автентичноста“, вели Анмол.
Нејзината визија е индустријата за убавина да стане поинклузивна и да им даде сила на жртвите на насилство.
Иако не се сеќава на моментот на нападот, денес живее со цел да покаже дека љубовта кон себе и храброста можат да ја победат омразата.
Извор / Instagram