Таткото на Цеца Ражнатовиќ итно опериран: Фолк sвездата постојано е во контакт со лекарите

Добивај вести на Viber

Таткото на Цеца Ражнатовиќ, Слободан Величковиќ, неодамна се соочил со сериозен здравствен проблем. Тој бил примен во Ургентниот центар во Белград пред две недели поради силни болки во стомакот. Лекарите реагирале брзо, операцијата била успешно извршена, а Слободан се опоравува на одделот за интензивна нега.

Бидејќи во моментов не е во Србија поради летните концерти, грижата на Цеца за нејзиниот татко не се намали. Таа и нејзината сестра Лидија секојдневно се во контакт со доктори и медицински персонал кои се грижат за Слободан, јавуваат извори за српски медиуми.

*Мира и Слободан /фото:Mirko Tabašević

Во ноември 2019 година, на Слободан Величковиќ му се слоши на венчавката на неговиот внук Вељко. Поради интензивни болки во стомакот, таткото на Цеца Ражнатовиќ по тој повод заврши во болница. Неговата сопруга Мира се потруди тие да не дознаат за тоа, за да не ја расипат прославата, која беше во полн ек, потврди ПР -службата на Цеца за nova.rs.

извор:hellomagazin.rs