Тажна вест: Почина малиот Илче од Охрид, чија приказна ја потресе јавноста

Почина малиот Илче од Охрид, чија приказна ја потресе јавноста
Приказната за Илче од Охрид ја обелоденија медиумите пред околу два месеци, пишувајќи дека 11-годишното момче било напуштено од родителите, а тој преживувал со чаша млеко на ден, една година неискапен, неподвижно и беспомошно лежело на чергиче во една соба во куќа.
Во тоа време, веднаш реагираше министерот за здравство, Филипче, кој лично повика Илче да биде итно пренесен во Скопје на Детска клиника.
По хоспитализирањето на момчето мајката го изгуби родителското право над него, а во август Венко Филипче ги објави радосните вести дека момчето е закрепнато и од Клиниката ќе биде префрлено во мал групен дом.
Вчера Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи, извршија увид во семејна единица во село Корешница, Демир Капија, и известија каде синоќа почина 11-годишно дете, штитеник на Специјаниот завод, Демир Капија.
Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатото дете, во насока на откривање на причините за настанатата смрт.