Тешки денови за најсиромашните делови на земјава: Коронавирусот ги секна парите од иселениците

Се вратија дома затоа што во Германија веќе немаше работа за нив - градежните работи таму престанаа, а немаше надеж дека ќе има скоро обвновување. Со затворањето на аеродромите стравот стануваше поголем па многу од македонските работници кои заработуваа во странство сега се дома. Тие кои живеат подолго во други земји се во економска криза исто така. Затоа многу семејства од источните, но и западните делови на земјава останаа без изворите на егзистенција - без парите од дознаките, од иселениците. Ги очекуваат лоши денови.
Македонската економија ќе изгуби доста годинава, а според официјалните предвидувања на сите домашни и странски институции БДП ќе забалежи негативни стапки на раст и земјата ќе влезе во рецесија. Она што ги загрижува познавачите, но и креаторите на политиките е како реалниот сектор ќе се справи со кризата, но секако и колку ова брзо ќе се прелее на стандардот на граѓаните кој и така не се подобруваше значајно и покрај забележаниот раст на БДП во изминатиот период. Но голем страв предизвикуваат и превидувањата за драстичен пад на парите кои ислениците ги праќаат во земјава – средства со кои живееја голем број семејства во најсиромашните делови од земјава. Светската банка преедвиде пад на дознаките од 20 отсто на глобално ниво годинава што е најголемо намалување во последните децении. Имено во 2009 година кога беше глобалнат афинансиска криза дознаките паднаа за 5 проценти.
Во Македонија со години, овие пари се зголемуваа, особено во последните години со растот на бројот на граѓаните кои се исселуваа. Дел од тие, поради пандемијата на Ковид-19, останаа без работа, повеќето се вратија дома. Не земаат плата, нема да има пари назад во Македонија.