„Тогаш знаев дека ќе се омажам за него“: Пријовиќ се сеќава што направил Филип кога првпат дошол кај неа

Добивај вести на Viber

Музичката ѕвезда Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ се во хармоничен брак со години, а во една прилика пејачката откри како нејзиниот сопруг ја освоил.

Александра Пријовиќ призна дека веднаш сфатила дека љубовта со Филип е вистинска.

- Штом го запознав, знаев дека тоа ќе биде љубов за цел живот. Нашиот прв бакнеж се случи во мојот стан во Вождовац. Веднаш ме освои со своите манири, начин на размислување и ставови. Уште тогаш знаев дека ќе се омажам за него и дека тој е вистинскиот. Ме воодушеви првиот пат кога требаше да дојде кај мене. Ме праша што би сакала да пијам и јадам, да донесам. Реков: „Ништо“, бидејќи знаеш како е на почетокот, кога ти се допаѓа некој, не си ниту гладен ниту жеден – изјавила Пријовиќ во една прилика и додаде со смеа:

- Тој инсистираше да му кажам што пијам, а јас реков дека пијам само вода. Подоцна се појави кај мене со пакет вода. Тоа ме купи, тој негов гест, бидејќи сфатив дека обрнува внимание на она што го кажувам. Кој би ти донел пакет вода кога се подразбира дека имаш вода дома.

Александра Пријовиќ е во поодмината фаза од бременоста, а парот наскоро ќе добие девојче. Таа еднаш рече дека по нејзиниот син Аки, сака ќерка.

- Би сакала девојче. Мислам, најважно е детето да е живо и здраво и сè да е како што треба. Но, ако можев да бирам, би сакала девојче - искрено рече тогаш Александра.

Двојката моментално престојува во Мајами, а како се забавуваат споделија на мрежите, пти тоа за прв пат покажа како изгледа во втората бременост.

Извор: Blic.rs