Тој е моја прва љубов: Лила Филиповска слави за мажот на својот живот

Добивај вести на Viber

Познатата водителка Лила Филиповска има голем повод за славење. Имено, таа на Инстаграм објави фотографија од нејзиниот син единец и му го честиташе роденденот. Филип денес слави роденден, а годинава како и претходните години водителката му го честита со уникатна порака: „Моја прва среќа, моја љубов, моја поддршка, моја десна рака, мој свет, мое сѐ - Најсреќен роденден - Те сакам“.

Лила е инфлуенсерка и водителка на шоуто „Се или нешто“ и е многу активна на социјалните мрежи, но исто така, особено на Инстаграм е активен и нејзиниот син Филип.

Водителката секогаш изгледа стокмено и едноставно знае како да се носи со атрибутите коишто ги поседува, едноставно блеска.


Фото: Инстаграм

Можеби ќе ве интересира:

(ФОТО) Децата на нашите познати водителки Ирена Спировска, Лила и Сузана Турунџиева