Тони Цетински и по 13 години жали по Тоше: Животот навистина не е фер

Утре навршуваат 13 години од смртта на пејачот Тоше Проески. Неговиот колега и пријател од Хрватска, Тони Цетински никогаш не го заборава „својот брат“ како што самиот го нарекува. Двајцата го имаат заедничкиот хит „Лагала нас мала“.
Еве што напиша пејачот по повод годишницата од смртта на Тоше, чија гробница неодамна доби еден нов изглед.
„13 долги години.
Утре некаде околу ова време не напушти физички, но само физички мој брате. Не можам да верувам колку многу сè уште ни недостасуваш денес и колку не е уште тешко што замина прерано. Животот навистина не е фер ....
Ме прашуваш каде сум и што правам?
На патот, секако, и дождот е одвратен, но твојата насмевка е надеж која толку многу им треба на сите во денешните чудни и зли времиња. Ќе биде во ред сè додека те имаме тебе да не чуваш со твоето присуство, песни и сите добри и благородни работи што ги остави на оваа планета. ТИ СИ АНГЕЛ НА ДОБРОТО.
Знам дека нè чуваш како што мора да знаеш дека секогаш си во нашите молитви.
Твојот брат те сака.“