Тони и Башановиќ не се единствени: Драгана била во врска и со овој познат и згоден музичар (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Пејачката Драгана Мирковиќ во раните деведесетти важеше за најпопуларната, но и најубавата жена на естрадата. Додека по неа воздивнуваа бројни мажи, Зоран Томашевиќ Тома – поранешното момче на Драгана – тогаш беше еден од најпосакуваните мажи.

И тогаш, како и денес, фолк-дивата се трудела својот приватен живот да го држи далеку од очите на јавноста. Сепак, некои детали поврзани со нејзиниот љубовен живот не можеле да се скријат – како на пример, нејзината врска со гитаристот на тогаш популарната група „Руж“.

Ниту Драгана, ниту Тома никогаш јавно не зборувале за својата љубов, која траела само неколку месеци. Јавно секогаш тврделе дека се само пријатели.

Поранешното момче на Драгана Мирковиќ беше вистински убавец, а пејачката дури се појави и во спотот за нивна песна од 1990 година.

Wikipedia

– „Има ли кај вас ноќно капење? Кај мене во селото нема, а кај вас?“ – прашува Драгана на почетокот од спотот, обраќајќи им се на момците од бендот, кои ги претставува како нејзини нови другари.

Во текот на деведесеттите, Тома водел музичка емисија на ТВ Пинк, а кратко време бил и директор за маркетинг во „Сити рекордс“. Подоцна, одлучил среќата да ја побара преку океанот.

Во изјава за медиуми, тој споделил дека во 2011 година со сопругата Душица се преселиле на Флорида, каде што добиле ќерка Лана и син Марко.

Интересен факт е дека и синот на Драгана се вика исто како и синот на Тома – Марко.

Facebook printscreen

По врската со гитаристот на „Руж“, Драгана започнала романса со естрадниот менаџер Зоран Башановиќ – љубов што не ја криела од јавноста. Тие двајца се, всушност, единствените мажи кои биле поврзувани со фолк-дивата.

Извор: svet - scandal