Тоше Проески во Холивудска сцена: Малкумина се сеќаваат на неговата појава во филм со Џорџ Клуни и Никол Кидман ВИДЕО

Добивај вести на Viber

Непрежалената балканска музичка икона, Тоше Проески, и 18 години по неговата смрт продолжува да инспирира и да изненадува со богатата уметничка оставнина. Малкумина знаат дека уште како тинејџер, Тоше оставил свој белег и во големото филмско платно.

Во 1997 година, на само 16-годишна возраст, тој се појавува во холивудскиот блокбастер „The Peacemaker“ („Миротворец“), каде главните улоги ги толкуваат светските ѕвезди Џорџ Клуни и Никол Кидман. Тоше е дел од црковниот хор во првата сцена од филмот, снимена во црквата „Свети Димитрија“ во Битола.

Иако неговата појава е скромна, самиот факт што Проески е дел од ваков проект уште еднаш ја потврдува неговата уникатна енергија и талент, кој уште тогаш блескал и го издвојувал меѓу врсниците.

Видеото од сцената повторно го разнежни регионот, потсетувајќи не дека Тоше Проески беше и остана феномен – човек и уметник чиј светол траг нема да избледи.


РЖМ/ИС-Фото printscreen