Три генерации убави жени: Ова се мајката и сестрата на Јелена Спенџарска

Добивај вести на Viber

Водителката и инфлуенсерка Јелена Спенџарска избега од скопските летни горештини во своето родно Берово.

Таму ужива во друштво на најблиските, истражувајќи ги македонските убавини.

Имено целото семејство помина прекрасен ден на водопадите во Пехчево, а водителката ги повика сите да ги наполнат батериите во овие краишта.

На фотографиите на социјалните мрежи, ги забележуваме сестрата и мајката на Спенџарска, и може да заклучиме дека тие навистина наликуваат една на друга.


- Убавините во нашиот крај- најдоброто место за полнење батерии!!!! Иако поретко се гледаме, денес сме цело семејство на куп, во посета на еден од водопадите во Пехчево. Ако ве носи пат натака, мора да дојдете! Не само што е рај за душа туку е навистина мирно и прилично многу посвежо, сакам да кажам СЕ ДИШE !!!! 

Совет плус, испазарете и дојдете овде да си го зготвите ручекот- напиша Јелена под фотографиите.