Троши 35.000 евра годишно на чанти и облека: Љубоморни ми се сите

Добивај вести на Viber

Џули доби многу негативни пораки поради нејзиниот луксузен живот

52-годишната Џули Хауптман од Велика Британија откри дека како инфлуенсер троши 35.000 евра годишно на дизајнерски чанти и облека и вели дека сите луѓе што ја критикуваат се само љубоморни.

Мајката на две деца, Џули Хаптман, која живее во елитната област Орнаџ во Лос Анџелес, не крие дека зема пари од нејзиниот сопруг, милионерот Нил и признава дека троши повеќе отколку што заработува како инфлуенсер.

Британката троши 20 000 евра секоја година за својата колекција чанти и дополнителни 15 000 евра за облека.

- За три години потрошив 60.000 евра за дизајнерски торби. Ги купувам сите торби во Италија или Париз. Трошам многу на гардероба, можеби околу 15.000 евра годишно, иако сопругот ќе ме „убиеше“ ако знаеше. Ги сакам Гучи, Зимерман и Долче и Габана. Дефинитивно трошам повеќе пари отколку што заработувам на мојот профил на Инстаграм, но сакам да се облекувам на овој начин, така што не мислам дека тоа е фрлање на пари. Се обидувам да не размислувам за тоа колку трошам - вели Џули.

Џули, која е по потекло од Манила, Филипините, започна со блогерство во 2017 година, откако ја напушти работата во голема компанија за книговодство поради проблеми со стомакот. Но, како што се зголемуваше бројот на следбеници, куќата на Џулија беше мета на крадци.

- Ја напуштив работата во 2017 година, а откако ме отпуштија, започнав да објавувам содржини на Инстаграм поредовно затоа што имав повеќе време. Во октомври 2017 година, отидов на забава, а крадци влегоа во мојата куќа. Ми ги зедоа скоро сите торби - класични парчиња и мојата прва торба Ермес, која ја добив во април 2017 година, а беше на листата на чекање три години. Тоа беше мојата најскапа торба за која платив 10.000 евра - рече таа.

Џули објасни дека живее во убаво маало, но во тоа време немала безбедносна камера.

- Тие влегоа во нашата куќа, ми ги зедоа торбите и ги искористија нашите перници како вреќи во кои ги вадеа. Веднаш помислив дека некој ме следел, веројатно од мојот Инстаграм, затоа што ги документирав сите детали од мојот живот. Јас се тресев и плачев со денови поради торбите. За среќа, добивме пари од осигурување, но тоа не опфати сè - објаснува таа.

Нејзината мајка имала деловни активности со увоз на накит и облека, па затоа од мали нозе патувала многу, но се за заљубила во висока мода и дизајнерски ткаенини.

- Чантите ми се претежно Шанел и Диор, имам и Кристијан Лобутин и Клои. Јас навистина сакам уште една Еермес чанта, но се плашам да ја купам повторно - додаде таа.

-Џrули има импресивни 86.000 следбеници на нејзината страница на Инстаграм, но не сите се воодушевени од нејзиниот наметлив начин на живот. Џули инсистира на напорна работа. Покрај тоа што е инфлуенсер, таа има мала компанија за книговодство и го поддржува сопругот во деловна активност.

- Јас сум многу среќна за моите следбеници на Инстаграм. Имам голема публика, но добивам многу негативни пораки. Луѓето велат дека сум нечувствителна и се расфрлам со пари затоа што објавувам луксузни предмети за време на пандемија. Тие велат дека економијата пропаѓа, а јас промовирам луксуз. Имам многу критики, но мојот профил на Инстаграм е посветен на инспирацијата. Работам напорно, независна сум. Немам долг од кредитна картичка и заслужувам сè што имам. Не мислам дека мојата колекција е претерана, туку само купувам што ми треба. Луѓето едноставно се љубоморни на мојот успех и мојот животен стил. Не можете да ја избегнете љубомората на социјалните мрежи - заклучува Џули Хауптман.

извор:zenskikutak.rs