Животна училница // Приказни
Турска серија се снима кај нас, со ѕвезди од Истанбул и македонски актери-Елизабета Клинчаревска Младеновска за улогата во проектот

Македонија стана новата сцена за турската ТВ продукција – серијата „Јас се викам Ајламаз“ („Benim Adım Aylamaz“) официјално започна со снимање на на 20 август во Истанбул, а потоа се пресели во неколку локации низ Македонија: Скопје, Струмица и Валандово. Локалните пејзажи и архитектура ќе послужат како уникатна позадина за драматичната приказна која се развива пред камерите.
Под капата на турската национална платформа TRT Tabii и продукциската куќа NS Production, а во соработка со кастинг агенцијата Balkan Cast од Македонија, проектот од 10 епизоди, ветува вистинска емоционална драма со интернационален сјај.
Во актерската екипа се наоѓаат големи имиња од турската сцена: Јагмур Танрисевсин, Џејда Аташ, Шемси Инкаја, Сузан Кардаш, Гамзе Топуз и Оркунџан Изан, а во серијата важна улога ќе имаат и популарните македонски актери, меѓу кои: Игор Ангелов, Елизабета Клинчаревска Младеновска, Филиз Ахмет, Исмаил Омер.
-Убаво е чувството кога се работи со нова, странска и професионална екипа. Ми се јави кастинг директорот на Балкан каст, Исмаил Омер, кој е актер и ми кажа дека ме планираат за улогата на д-р Лидија. Ми беше огромна чест и со задоволство ја прифатив. Иако имам глумено на многу јазици, англиски, италијански, украински, албански, ирански, во оваа серија зборувам на англиски и македонски. Имам работено и со други странски продукции. Но, во овој случај беше поинтересно затоа што веќе 14 години ги нахсинхронизирам турските серии на тв Сител- ни откри Елизабета Клинчаревска Младеновска.
Оваа копродукција претставува значаен чекор во културната соработка меѓу Македонија и Турција, а воедно е и огромна можност за промоција на македонските актери и локации на меѓународната сцена
С.А.Н