Турската убавица Фахрије Евчен воодушевува со наједноставната летна фризура: Совршен „wet look“ (ФОТО)

Фризурта на Фахрија Евчен - како да добиете совршен wet look фризура летните денови.
Косата која изгледа како да сте излегле од море или базен е хит секое лето. Оваа година не е исклучок, особено поради тропските горештини кои зафатија.
„Влажен изглед“ е омилен летен тренд од повеќе причини. Како прво, нема посебен тајминг - оваа фризура е подеднакво ефикасна во кое било време од денот, од коктел или забава во градината до прошетка низ градот, а победува за навечер со поелегантен стил.
Во жешките летни денови, последното што ни треба е фен за коса. За среќа, фенот не ни треба за „влажен изглед“, што е уште една предност на овој тренд. Најдобро е да ја исушите косата природно, но не целосно. Ова е моментот кога треба да ставите производи, да ја исчешлате косата или, пак, да ја изгмечите ако сакате нешто диво и поприродно, и на крај да додадете малку сјај, по желба.
Хајди Клум е голема обожавателка на „влажните“ фризури, како и Ирина Шајк, а оваа сезона, во оваа фризура се вљуби и убавата турска актерка Фахрије Евчен.
извор: zenskikutak.rs
извор: instagram