Урнебесна фотографија: Една од деверушите со пумпица за молзење, додека позираат со невестата
Фотографката Амбер Флечер немаше поим дека една од нејзините свадбени фотографии ќе стане вирален хит откако ја објави на својот Фејсбук профил.
Имено, таа снимаше свадба на Флорида во октомври. Прво го фотографираше младоженецот со своите пријатели, а потоа се префрли на невестата и деверушите. Сепак, една од пријателките (тазе мајка), Алисон Хелпер сè уште се измолзуваше со пумпица, а фотографката сметаше дека ова е совршена можност за фотографирање, па затоа сите позираа во тој момент.
- Секогаш фотографирам како за насловна страница на филмот „Деверуши“ и ова ми се чинеше совршена можност да направам фотографија што е смешна, но и реално го прикажува денот - рече фотографката. Невестата Рејчел Даунс откри дека и самата ја дои својата 18-месечна ќерка, а исто така се измолзувала со пумпицаза доилки на венчавката на нејзината дееруша Алисон.