ВЕЛИГДЕН БЕЗ ВЕРНИЦИ: Католичката црква и Евангелско-методистичката црква со богослужби преку Интернет

Добивај вести на Viber

Велигденски миси и богослужби без верници за најголемиот христијански празник Велигден најавија и Католичката црква во Македонија и Евангеслско методистичката црква. Од двете цркви велат дека оваа година Велигден ќе биде многу поразличен и во согласност со настанатата ситуација што ја наметна пандемијата на коронавирусот.

Во пресрет на празникот, кој католичките верници оваа година го слават на 12. април, отец Марјан Ристов од Католичката црква во Скопје вели дека веќе е направен план за оджување како ќе биде организиран.

-Католичката црква во Македонија ќе ги орджи сите велигденски богослужби, но без народ во црквите ширум земјава. Свештените лица од Католичката црква ќе служат миси и на Велики Четврток и на Велики Петок, како и на денот на воскресението Христово, но црквите ќе бидат празни, не се повикуваат верниците да присуствуваат поради состојбата која ја наметна вирусот. Служењето велигденска миса ќе биде пренесувано преку Македонската радиотелевизија, појаснува Ристов за Фактор.

Тој додава дека и до сега, по воведувањето на мерките, Католичката црква преку социјалните мрежи се поврзува со своите верници,бидејчи за сега тоа е едиснтвениот начин. Најважно е здравјето на луѓето, вели Ристов и додава дека на нивната веб-страница ги наведуваат сите информации поврзани со активностите на Католичката црква. Таму е и пораката на бискупот Киро Стојанов упатена до католичките свештеници во која е јасно кажано, што и како треба да се прави за Велигден во услови на пандемијата од коронавирус. Деталите за тоа и информациите од Евангелистичко-методистичката црква прочитајте ги на Фактор.