ВЕЛИГДЕН: Православните верници ќе го слават Христовото воскресение дома

Добивај вести на Viber

Македонските верници оваа година големиот христијански празник, Велигден, ќе го прослават дома, поради долгиот полициски час, кој ќе започне во 16.00 часот на Велики Петок и ќе трае до вторник до 05.00 часот.

Отец Сашко од Храмот „Свети Климент“ во Скопје за Фактор вели дека сите велигденски богослужби во чест на воскресението ќе бидат одржани внедела. Но, појаснува дека вратите на црквите ќе бидат отворени за верниците до кога не стапи на сила полицискиот час, односно до петок попладне. Сепак вели дека верниците што ќе дојдат во четврток и во петок да се помолат и да запалат свеќа во чест на Христовото воскресение, треба да се придржуваат на мерките за заштита.

Некои од духовните следбеници за Фактор велат дека црквите ги посетуваат речиси секојдневно, но се придржуваат до протоколите за заштита.

-Јас и денес бев во црква да се помолам за здравје. Но, држам растојание од другите верници, не бакнувам икони. Исто така, ако можам и во петок би одел, вели верникот Н.З. од Струмица.

Други, пак верници, велат дека оваа година христијанскиот празник целосно ќе го чествуваат дома. Нема да одат во црква ниту во четврток, ниту на Велики Петок.

Целиот текст за тоа дали верниците ќе одат во црква за Велигден или ќе останат дома прочитајте го на Фактор.