Животна училница // Приказни
Венко Филипче : Ова се моите колеги од првата борбена линија со Ковид-19
- 14 Април, 2020 10:44

Министерот за здравство на својата страница на Фејсбук повторно објави дел од медицинските лица кои се борат со КОВИД-19 во нашата земја.
-Ова се моите колеги од првата борбена линија со Ковид-19.
Чувајте се, грижете се за себе и почитувајте ги протоколите - тие се гаранција за вашата безбедност во условите во кои сега работите. Бидете си поддршка едни на други, мотивирајте се меѓусебно и помагајте си во секој момент. Нашата работа е хумана, а вие сега тоа најдобро го покажувате- напиша тој под нивните фотографии.