(ВИДЕО) Баба сама си испеа роденденска песна и ги изгаси свеќите на тортата
Повеќе
од девет милиони луѓе го погледнаа видеото
Луѓето кои слават родендени дома,
како резултат на пандемијата од коранавирус, не се многу среќни за тоа. Но, Норма Грегорио, која наполни 88 години на 25 март, не виде ништо
лошо во соло прославата, пренесува Си-Ен-Ен.
- Бидејќи физички не можевме да и
’донесеме роденденска торта и не смее да излегува надвор заради нејзината
возраст, нарачавме тортата на Интернет и таа и беше доставена. Баба реши да се сними и да ни испрати видео - изјави нејзината внука Џесика
Кериган.
Кога ја добила тортата, Норма
запалила свеќи, пеела „Среќен роденден“ и им испрати видео. Откако ја испеа песната, си замисли
желба и ги изгаси свеќите.
Бидејќи видеото на нејзината внука и било многу слатко и симпатично, таа го објавила на TikTok. За една недела, повеќе од девет милиони луѓе го погледнаа видеото.
Видео и Фото: Инстаграм