Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Цело соседство го прослави роденденот на 98-годишна баба: Одржувајќи социјална дистанца
- 18 Април, 2020 11:51

Барбара (98) требаше да го прослави роденденот сама поради мерките за самоизолација, но еден од нејзините соседи дојде до идеја да ги повика сите соседи од улицата да излезат надвор и да и испејат роденденска песна.
Соседот ја повика да излезе на надвор и таа се изненади кога виде дека целото соседство е на улица и ја чекаат. Кога започнаа да и пеат „Среќен роденден“ таа заплака од среќа.
Целото соседство го прослави роденденот на бабичката одржувајќи социјална дистанца.
Таа се пошегува дека сака улична роденденска забава и за нејзиниот 100-ти роденден.