(ВИДЕО) Домаќинки, еве ви идеи како да украсите велигденски јајца

Добивај вести на Viber

Полека се одбројуваат и последните денови пред најголемиот христијански празник Велигден, воскресението Господово, па веројатно сите семејства веќе размислуваат што да подготват за празничната трпеза, на која што пак неизоставен дел се обоените велигденски јајца.

Покрај традиционалното вапцување јајца со бои, пробајте ги овие забавни техники и направете ги вашите велигденски јајца посебни и незаборавни. Јајца можете да украсите со школски прибор, со восок, со водени бои, со темперни бои и слично.