(ВИДЕО) Две ќерки, пет внуци и шест правнуци: Баба Вида доби емотивна роденденска честитка

Добивај вести на Viber

Радиото „Банкер“ од соседна Србија често честита родендени на интересен начин.

Овојпат тие имаа специјална честитка за баба Вида која слави јубилеен 80-ти роденден, а до својот дедо Срете оваа година прослави и дијамантска свадба односно 60 години во брак.

Баба Вида има две ќерки, пет внуци и шест правнуци- витрина полна со спомени од еден богат живот! 

Емотивното видео погледнете го во продолжение, а ние им посакуваме здравјето да ги служи уште многу многу години.