(ВИДЕО) Ковид-19 ги раздели девет недели: Медицинска сестра конечно ги виде ќеркичките

Добивај вести на Viber

Медицинска сестра е повторно обединета со своите ќерки, откако беа девет недели оддвоени за време на пандемијата.
Сузи Воган е медицинско лице од Велика Британија, која поминала девет недели изолирајќи се од своето семејство додека работела на првите редови во кризата со коронавирусот. 43-годишната жена е снимена како ги изненадува нејзините ќерки по нејзиното враќање, а видеото остави многу луѓе во солзи.

Таа е снимена како се прикрадува зад нејзините ќерки Хети (7) и Бела (9) откако помина повеќе од два месеци разделена од нив. Според ИТВ Њуз, девојчињата престојувале заедно со нејзината сестра Шарлот, која го сподели видеото од изненадувањето кое им го приреди Сузи.

„Ние мислевме дека ќе трае максимум еден месец, но никој не знаеше на почетокот како ова ќе се одвива. Беше неверојатно повторно да ги видам, ужасно ми недостасуваа девојчињата“ , рече г-ѓа Воган.

Погледенте го видеото на кое никој не остана рамнодушен:



(ВИДЕО) Љубов и после 70 години брак: Коронавирусот ги раздели, едвај дочекаа да се видат