(ВИДЕО) Лекари запееа по исцрпувачка смена: Музиката им помага во стресни ситуации

Лекарите се во првата линија во борбата против коронавирусот. Нивната работа е потешка од кога било, и по напорниот ден, тие бараат начин за опуштање. Овие лекари тоа го најдоа во музика и воодушевија со своите настапи.
„Ова е снимено по исцрпувачка смена. Тој ден јас го примив мојот прв пациент со коронавирус“, напиша д-р Натан Вуд. Лекар од Конектикат, кој на својот Инстаграм објави дел од песната „Lean on me“ („Потпри се на мене“) и воодушеви многумина со својот ангелски глас.
Тој, прво не сакаше да го објави ова видео, но кога откри дека оригиналниот текстописец Бил Витерс починал, почувствувал дека треба да го стори тоа. И не погреши. Под видеото, луѓето со восхит го коментираа неговиот настап и го поддржуваа во овие тешки времиња.
Вуд работи во болница во Њу Хевен, а заради коронавирусот ќе работи околу 70 часа неделно. Тој вели дека музиката му помага во стресни ситуации.
- Се надевам дека сте здрави и внимателни. Известете ми дали треба да се потпрете на некого („Lean on“) - напиша извикуваниот доктор во описот.
Со неговиот перформанс, воодушеви и д-р Елвис Франсоа од Минесота. Неговиот колега свиреше пијано, а тој го отпеа големиот хит на Џон Ленон „Imagine“ („Замисли“) и стана вирален хит. Тој и претходно воодушевуваше со неговите настапи, а тоа го гледаа повеќе од половина милион луѓе.
- Оваа песна е за надеж и за обединување. Сите ние треба да ги следиме правилата и да останеме дома за да го надминеме ова. Ние го снимивме ова за да им дадеме на луѓето утеха - објасни лекарот кој смета дека музиката ги лекува луѓето на начини на кои медицината не може.