(ВИДЕО) Медицински работници аплаудираат на сите оние кои ги почитуваат мерките за останување дома

Добивај вести на Viber

Медицинските работници аплаудираат на оние што избираат да останат дома 

Во понеделникот во 21 часот, медицинските работници во болницата „Пирогов“ во Софија, Бугарија изразија благодарност, аплаудирајќи им на оние што остануваат дома за време на пандемијата од коронавирус и со тоа ја покажуваат својата солидарност пред луѓето на првите редови на пандемијата.

„Бидете одговорни и покажете ја солидарноста со тоа што ќе изберете да останете дома “, порачаа медицинските лица.

Лекарите и медицинските сестри во болницата за заразни болести, ВМА, го сторија истото.

Медицинските работници од болниците во приморскиот град Бургас, исто така,  аплаудираа на локалните граѓани и им изразија благодарност  што им ја олеснуваат работата, држејќи се до упатствата за карантин.
Вкупно петнаесет болници од градовите Софија, Бургас, Варна, Хасково, Пазарџик и Плевен се приклучија. 

Вкупниот број на заразени од коронавирус во Бугарија, до денес е 783.

Видео: