Животна училница // Приказни
(ВИДЕО) Полицијата со часови по зумба на улица: Го крева духот на граѓаните во карантин
- 13 Април, 2020 13:46

Полицијата одржува часови по зумба на улиците на колумбиската престолнина Богота.
Тоа е дел од обидот да се подигне духот на оние што се наоѓаат во самоизолација.
Вежбањето зумба, на кое се гледа дека луѓето се придружуваат од нивните балкони, е насочено кон стимулирање на менталното и физичкото здравје додека траат мерките за седење дома како превенција и заштита од ширење на коронавирусот.
Службениците - полицајци исто така со тоа ја креваат свеста за важноста од останување дома за да се спречи ширењето на КОВИД-19.
извор: euronews