(ВИДЕО) Среќна вест на денот: Јунакот Онур го победи карциномот

Добивај вести на Viber

Министерот Филипче на својот фејсбук профил ја објави радосната вест за малиот Онур, кој го победи карциномот, со порака дека оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот.

„Деновиве, нашиот јунак Онур го испративме дома од хемато-онколошкото одделение од Клиниката за детски болести. Онур уживај во детството, биди среќен и продолжи да се смееш! Го славиме животот со сите деца кои го победиле ракот, тоа се нашите јунаци, непобедливи. Оваа недела е посветена на сите кои победиле карциномот“ - напиша министерот за здравство во описот на видеото: