(ВИДЕО) Тијана од домашна изолација: Прво пијам вино па вежбам

Тијана Дапчевиќ домашната изолација поради опасноста од ширењето на коронавирусот ја користи продуктивно.
„Прво пијам вино, па вежбам", вели Тијана која од Белград ни испрати интересно видео со нејзините домашни активности.
„Што да ви кажам? Си седиме дома, си шизиме и не само самостојно, некогаш и во дует и во трио. Готвиме, се дружиме, се сакаме и се чуваме", вели Тијана за времето поминато со сопругот Милан и со синот Вук.
„Имам исхрана која ја применувам веќе со години и некоја рутина која ми одговара. Сѐ е индивидуално, можам да зборувам до задутре, но дефинитивно најубавата исхрана што ја открив во последниве неколку години е липосукциската исхрана, и ја применувам еве веќе подолго од четири години и тоа ми одговара.
„Освен начинот на исхрана, редовно вежбам", изјави Тијана во претходно интервју за Женски магазин.
Во овој период, на популарната Ула од "Преспав" и недостасува семејството од Скопје но се надева дека брзо ќе се видат.
(М.Џ.)