(ВИДЕО) Зелените пазари во Белград отворени со гратис „Травијата“

Добивај вести на Viber

Иако антикорона-мерките се разликуваат во нијанси, во соседна Срција, за разлика од кај нас, зелените пазари беа подолг период затворени.

Вчера тие почнаа повторно да функционираат, а на еден од нив, оној на Палилула, враќањето на пазарџиите и на потрошувачите го поздравија солистите на Белградската опера со познатата „Винска песна“ од операта „Травијата“.

Откако е отпеана оваа, веројатно најпопуларна оперска арија, чиј текст порачува „Да пиеме“, белграѓани си порачаа „да пазаруваме“ и – бизнисот почна.

Заменикот-градоначалник на Белград Горан Весиќ изјави дека со тоа се испраќа убава слика во светот, а среќни беа и солистите на Операта кои, како и другите изведувачи во светот, веќе втор месец, се во изолација и не настапуваат.