Викторија Бекам ја намали платата на работниците поради пандемијата

Добивај вести на Viber

Поради пандемијата на коронавирус, голем број компании се принудени да преземат драстични мерки за да ги спасат своите компании, такви мерки превзема и добро познат британски дизајнер. Сепак, многумина негодуваат на ова, со оглед дека нејзиното лично богатство надминува 380 милиони евра!

За потегот на Викторија Бекам што го направи за да не и’ наштети на својата компанија, се зборува со денови, но критиките не се намалија.

Поточно, дизајнерката побарала помош за нејзината компанија, за модниот бренд што го носи нејзиното име. Станува збор за грант од владин фонд, насочен кон бизниси со деловни загуби предизвикани од вонредни мерки.

Покрај тоа, Викторија ги намали платите за своите работници, поточно на 25 лица.

Во согласност со постапката на Владата на Велика Британија за санирање на ефектите од коронавирусот, некои вработени под марката Викторија Бекам ќе добијат 80 проценти од платата.

Со овој потег, дизајнерката привлече гнев кај јавноста, со оглед на фактот дека таа поседува огромно богатство - нешто за што јавноста е многу запознаена и дека таквите мерки не биле навистина потребни во нејзиниот случај.

Само колекцијата на луксузни чанти кои ги поседува дизајнерката, вредат 1,7 милиони евра, додека целото нејзино богатство е проценето на 380 милиони евра!

Според британските медиуми, Викторија е апсолутно шокирана од овие реакции од јавноста, и ја даде следната изјава на оваа тема:

„Ова не е фер. Јас го направив потегот што го направија многу други компании во овој период“, изјави Викторија Бекам.

И, се чини, има друга страна на ситуацијата што го оправдува (барем малку) овој потег на познатата дизајнерка.

Имено, и покрај тоа што изгради добро познат и ценет бренд од своето име, нејзината дизајнерска куќа не профитирала од 2008 година, кога беше лансирана и претрпе значителни загуби во последните неколку години.

Извор:  elle.rs