Visa SEE Cashless Forum: Следната фаза на е-трговијата е AI

AI трговија и AI агенти, дигитален идентитет, хипер-персонализирани кориснички искуства, безбедност и едноставност на плаќањето, како и улогата на прекуграничните парични трансфери во поттикнувањето на финансиската инклузија и на регионално и на глобално ниво, беа клучни теми на првиот Visa SEE Cashless Forum, одржан во Белград.
Главниот град на Србија собра повеќе од 150 претставници од банкарскиот, финтек и малопродажен сектор од целиот регион на Југоисточна Европа, за да разговараат за трендовите што ја обликуваат иднината на плаќањата и дигиталната економија.
„Visa SEE Cashless Forum 2025 покажа дека иднината на дигиталните плаќања не е само визија – таа веќе се случува тука и сега. На овогодинешниот форум, осум водечки експерти од компанијата Visa ги претставија најновите иновации што ја обликуваат следната ера на безготовинското општество,“ изјави Ана Драшковиќ, генерална директорка и потпретседателка на компанијата Visa за Југоисточна Европа при отворањето на форумот и ја истакна улогата на регионот во глобалниот бран на забрзана дигитална трансформација:
„На форумот зборуваме за теми што ќе го обликуваат начинот на кој плаќаме, работиме и живееме. Тоа се подемот на новата фаза на е-трговијата – АИ трговијата, еволуцијата на дигиталните идентитети и очекувањата на генерацијата Z, кои го редефинираат поимот практичност, доверба и лојалност. Посебен фокус е ставен на комерцијалните парични трансфери и улогата на иновациите базирани на податоци во отклучувањето на нова вредност за банките, трговците и државните институции. Форумот е место каде што го предизвикуваме статус квото, споделуваме успешни приказни и градиме партнерства. Нашата мисија е Југоисточна Европа да ја поставиме на лидерска позиција во глобалниот екосистем на плаќања,“ заклучи Драшковиќ.
Со неспоредлива количина на податоци и брзина, Visa дополнително ќе ја поттикне и забрза трансформацијата на трговијата, водена од понатамошниот развој на вештачката интелигенција. Компанијата обработува повеќе од 310 милијарди трансакции годишно, собира 13 милијарди промени дневно на повеќе од 4,7 милијарди картички ширум светот. Регистрира повеќе од 3 милијарди долари инвестиции во АИ инфраструктура и стотици напредни АИ модели во примена, со што секоја година спречува измами во вредност од 40 милијарди долари.
Кристина Дорош, виша потпретседателка и регионална директорка на компанијата Visa CISSEE, го истакна стратешкото значење на ова пазар за глобалната визија на компанијата:
„Југоисточна Европа е неверојатно динамичен пазар каде дигиталната економија брзо расте. Нашата цел е да го прошириме пристапот до плаќањата и да обезбедиме тие да бидат брзи, безбедни и достапни за сите. Преку потрошувачки производи и иновации како Click to Pay, Visa Direct и АИ трговија, градиме мост помеѓу глобалните технологии и локалните заедници.“
Посебен акцент беше ставен на хипер-персонализацијата на искуството на плаќање. Ова е особено значајно за клиентите со поголема платежна моќ – сегмент што носи помал ризик, обезбедува повисоки приходи, покажува посилна лојалност и расте четири пати побрзо од просекот. Истовремено, очекувањата на клиентите се високи и често не толерираат грешки.
Форумот угости повеќе од 10 меѓународни и регионални говорници од Visa, како и од финтек, банкарскиот, секторот за дигитална безбедност и регулаторните институции. Експертите споделија увиди за тоа како најновите технологии – од АИ и биг дата до токенизација и стејблкоини – ја обликуваат иднината на плаќањата, претставувајќи истовремено најдобри практики и успешни стратегии за дигитална трансформација од различни пазари.
Форумот го одбележа и специјалниот настап на Софија роботот, еден од најпознатите хуманоидни роботи во светот, која ја сподели својата визија за улогата на вештачката интелигенција во нашата иднина. Големо внимание привлече и инспиративното обраќање на Пјерлуиџи Колина, легендарниот фудбалски судија, кој зборуваше за лидерство, доверба и донесување одлуки под притисок.
За компанијата Visa
Visa (NYSE: V) е светски лидер во дигиталните плаќања, која овозможува трансакции меѓу потрошувачи, трговци, финансиски институции и државни ентитети во повеќе од 200 земји и територии. Нивната мисија е да го поврзат светот преку најиновативната, најпрактичната, најсигурната и најбезбедната мрежа за плаќања, овозможувајќи им на поединците, компаниите и економиите да напредуваат. Тие веруваат дека економиите што ги вклучуваат сите, насекаде, ги поддржуваат сите, насекаде. Овој пристап го сметаат за основа на иднината на движењето на парите.
Повеќе информации достапни се на Visa.com.
ПР објава