Ноне патува низ светот, но срцето ѝ е дома: И посвети емотивна роденденска честитка на мајка ѝ

Македонската пејачка Ноне Неделковска, која изминатите години живее динамичен живот работејќи на крузери и патувајќи низ целиот свет, деновиве сподели емотивна објава на социјалната мрежа Инстаграм посветена на нејзината мајка Мимоза, по повод нејзиниот роденден.
„Убава, храбра, позитивна. Мајка“, напиша Ноне во описот на фотографијата, на која може да се забележи нејзината мајка со широка насмевка.
Честитката ја дополни со креативен и искрен текст:
„Сите убави работи почнуваат на буквата М... Моја, Мајка, Мимоза. Среќен роденден“.
Од фотографиите објавени на Инстаграм може лесно да се заклучи од кого Ноне ја наследила младоликоста, харизмата и неодоливата насмевка. Мимоза зрачи со енергија, а нивната блискост е очигледна.
Ноне, која својата кариера ја започна на македонската музичка сцена, во последниве години се одлучи за поинаков животен пат —со работа на крузери, таа постојано патува и споделува делови од своето секојдневие со своите следбеници.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм