Владата не размисува за намалување на бројот на празници

Добивај вести на Viber

Властите во Македонија велат дека во моментов нема никакви предлози за укинување на бројот на неработни празници кај нас, а доколку има јавноста ќе биде навремено известена.

Ова следува по најавите на неколку европски држави кои размислуваат за укинување на дел од државните празници, со цел да сезголеми бројот на работни денови и да се поттикне економски раст.

„Како Влада Ве информираме дека државните празници остануваат непроменети, истите се дел од годишниот календар на неработни денови согласно Законот за празниците на Република Северна Македонија. Календарот го објавува Министерството за социјална политика, демографија и млади.“, велат од Владата за Алсат ТВ.

Македонија има 28 неработни денови во текот на годината поради различни државни и верски празници, што ја прави на врвот во регинот според неработните денови. Најмалку неработни денови имаат граѓаните на Албанија и Хрватска, односно по 14, во Босна и Херцеговина 18 неработни денови, а Црна Гора и Косово со по 21 неработен ден.

Франција во јули предложи Велигденскиот понеделник и денот на победата на фашизмот 8мај да бидат избришани од списокот на неработни денови во Франција. 

Извор: Фактор / Фото: Википедиа