Владо Георгиев со силна велигденска порака: Нека домот биде наша црква

Пејачот
апелираше до сите оние што го следат да не ги напуштат своите домови, да го
сакаат Бог и да се молат од дома
Владо Георгиев (43) апелира до сите верници кои го
слават Велигден да останат во своите домови на тој ден, 19 април, и да не
ризикуваат заразување од коронавирусот за самите нив или за луѓето околу нив.
- Дами и господа, мое мислење како верник е дека
треба да го дочекаме и славиме овој Велигден дома. Нема време за никаков собир,
со разум и љубов кон Бога ќе се молиме дома. Направете го вашиот дом ваша црква
- порачува Владо.
Неодамна, Георгиев предизвика голем број реакции
со слика од супермаркет, каде што сликаше луѓе без никаква заштита.
- Браво глупаци, сите се смеете на маските и на
раквиците, а се‘ пипкате со раце и кивате насекаде. Речиси никој не носи
никаква заштита ... Жално - напиша пејачот неодамна во описот на фотографијата
од продавницата.
- Оваа многу комплексна опасна ситуација ги
открива човечките атрибути на површината и ги соблекува маските. Себичност,
примитивизам, личен интерес, можности за пресметување и доминација ... КОВИД-19
е општ тест за љубовта, грижата и хуманоста. Сите ќе добиеме резултати… - рече
Георгиев на 14 март.
Фото: Твитер