Владо Јаневски: Дунафка не сум ја видел со месеци

Добивај вести на Viber

Владо Јаневски вели дека никогаш не бил во љубовна врска со манекенката Дунафка Трифуновска. Во интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ , тој раскажа дека со неа се нема видено со месеци.

„Се познаваме со Дунавка, снимавме спот заедно. Што ѝ се случува не знам, не сум ја видел со месеци. Одамна ја немам видено, ниту знам што прави. Се најубаво ѝ посакувам “, рече Владо во интервју за „Бекстејџ“.

На прашањето дали знае дека Дунавка е вљубена во него и дека јавно зборува дека се во врска, но и дека Владо ѝ посветува песни, пејачот вели дека тој не знае што зборува таа. Владо на 16 март ќе одржи концерт во ВИП Арената, со кој ќе прослави 25 години кариера. 

Што друго откри чаирскиот романтичар во интервјуто погледнете во продолжение: